Работниот пазар брзо се менува под влијание на технологијата, климатските промени и новите економски предизвици. Според Извештајот за иднината на работните места на Светскиот економски форум, во следните пет години ќе се трансформираат 23% од постоечките работни места, а ќе се отворат 69 милиони нови.
Ако размислувате за кариера со сигурност и високи приходи, ова се петте најбрзо растечки и најплатени професии за 2025 година:
Менаџер за генерирање побарувачка
Просечна плата: 132.000 долари (125.000 евра)
Современиот маркетинг постојано се менува, а овој тип менаџери водат стратегии за зголемување на продажбата и пазарниот удел. Комбинираат аналитика, креативност и дигитални трендови за да освојат нови клиенти.
Консултант за продажба на соларни панели
Просечна плата: 156.000 долари (148.500 евра)
Поради зголемената побарувачка за чиста енергија, оваа индустрија е во огромен раст. Консултантите не само што продаваат соларни панели, туку ги советуваат клиентите за најдобрите енергетски решенија и можностите за субвенции.
Научник за податоци (Data Scientist)
Просечна плата: 160.617 долари (153.000 евра)
Податоците се новата „нафта“ на дигиталната ера, а експертите кои ги анализираат и ги користат за предвидување на трендовите се исклучително барани. Оваа професија е совршена за оние што сакаат анализа, алгоритми и стратегија.
Менаџер за медицински и здравствени услуги
Просечна плата: 110.680 долари (105.000 евра)
Здравствениот сектор бара организирани лидери кои ќе управуваат со ресурси, персонал и нови технологии. Ова е една од најсигурните професии со постојан раст.
AI инженер
Просечна плата: 183.000 долари (174.000 евра)
Вештачката интелигенција го менува светот, а инженерите кои ја развиваат и оптимизираат нејзината работа се едни од најбараните професионалци.
Работниот пазар се менува со брзо темпо, а овие професии нудат одлични можности за стабилна и добро платена кариера. Дали сте подготвени за иднината?