Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно упати критики кон технолошкиот гигант Apple, овојпат заради нивните планови да ја зголемат производството во Индија.
„Не сакам да градите фабрики во Индија“, изјавил Трамп во четвртокот. Тој рекол дека директно му се обратил на директорот на Apple, Тим Кук, критикувајќи го поради плановите на компанијата да ја прошири својата продукција надвор од Кина, токму во Индија.
„Пријателе, убаво се однесувавме со тебе. Дојде овде со 500 милијарди долари, а сега слушам дека градиш погон по цела Индија. Не сакам да градиш таму – сакам да градиш овде, во САД“, изјавил Трамп.
Apple неодамна најави дека сака во иднина дури 25% од iPhone уредите да се произведуваат во Индија, како дел од стратегијата за намалување на зависноста од кинеското производство. Моментално, околу 90% од iPhone-ите се составуваат во Кина.
Иако Трамп признал дека Apple има планови за проширување и во САД – вклучително и инвестиција во фабрика во Тексас за нивниот нов AI систем – тој смета дека компанијата треба целосно да се фокусира на домашното производство.
Осврнувајќи се на трговските односи со Индија, Трамп ја нарекол таа земја „една од најголемите царински бариери во светот“ и нагласил дека токму затоа ја спроведува својата протекционистичка политика. Во таа насока, неодамна беше воведена „реципроцитетна царина“ од 26% на индиска стока, со можност да се намали до јули.
Во меѓувреме, партнерот на Apple во Индија – Foxconn – доби дозвола да изгради фабрика за полупроводници во соработка со HCL Group, што дополнително ја зацврстува производствената ориентација на Apple кон Индискиот пазар.
Сепак, според експертите, целосно преместување на производството на iPhone во САД е речиси невозможно – не поради технички, туку поради економски причини. Еден iPhone произведен во САД би чинел од 1.500 до дури 3.500 долари, според различни проценки.