Трамп: „Голем ден за Украина и Русија“, по предлогот на Путин за директни преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа Truth Social откако рускиот лидер Владимир Путин предложи отворање директни преговори меѓу Украина и Русија.

Трамп рече дека ова е „секако голем ден за Русија и Украина“, пренесуваат медиумите.

„Замислете ги стотиците илјади животи што ќе бидат спасени ако оваа бескрајна „крвава гозба“ конечно заврши. Тоа ќе биде еден сосема нов и многу подобар свет“, е пораката на американскиот претседател.

Покрај тоа, тој додаде дека „претстои голема недела“ и дека ќе „работи на двете страни“ за да се стави крај на војната.

Да ве потсетиме дека во доцноноќно обраќање на руската телевизија, претседателот на Русија, Владимир Путин, предложи отворање директни преговори меѓу Русија и Украина.

Тој дури предложи тоа да биде веќе на 15 мај во Истанбул, а неговите пораки следеа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со неколку други европски лидери, предложи 30-дневно примирје.

Зачлени се на нашиот е-билтен