По дводневни разговори во Лондон, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат принципиелен договор со Кина за трговските прашања. Според него, Кина се обврзала да снабдува ретки метали за САД, а за возврат ќе добие одредени олеснувања – меѓу другото и повторна можност за кинеските студенти да студираат во САД. Формалното одобрување од Трамп и Ши Џинпинг допрва се очекува.
Трамп најави нови царински мерки – САД ќе воведат 55% царина за кинеските стоки, додека Кина ќе возврати со 10% царина за американските производи. Тоа е значително зголемување во однос на претходниот договор од мај во Женева, кога беа договорени 30% царини.
Кинеските власти го поздравија напредокот, нарекувајќи го разговорите „фундаментално конструктивни“, а вицепремиерот Хе Лифенг побара „намалување на недоразбирањата и зајакнување на соработката“.
Меѓу учесниците на средбата во Лондон беа и американските министри за финансии и трговија, Скот Бесент и Хауард Лутник, како и кинеските функционери Хе Лифенг и Ванг Вентао.
Трговскиот конфликт меѓу двете економски сили веќе со месеци врши притисок врз глобалната економија. Новиот договор, според експертите, може да биде чекор кон деескалација