Доналд Трамп објави дека ќе се сретне со Владимир Путин во Будимпешта, главниот град на Унгарија, без да прецизира конкретен датум, по телефонскиот разговор со неговиот руски колега, за време на кој увери дека „е постигнат голем напредок“.
„Одлучивме следната недела да има состанок на нашите високи советници. Првите состаноци ќе ги води државниот секретар Марио Рубио за Соединетите Американски Држави, а другите учесници сè уште треба да се утврдат. Ќе биде избрана локација. Потоа претседателот Путин и јас ќе се сретнеме на претходно договорена локација, Будимпешта, Унгарија, за да видиме дали можеме да ја завршиме оваа „неславна“ војна меѓу Русија и Украина“, напиша американскиот претседател на социјалната мрежа Truth Social.