Американскиот претседател Доналд Трамп испрати 700 маринци и уште 2.000 војници на Националната гарда во Лос Анџелес по насилството на протестите поради построгите мерки за имиграција.
Трамп одлучи да го зголеми военото присуство во Лос Анџелес, и покрај противењето на локалните власти и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, а шефовите на полицијата велат дека тоа создава логистички предизвици за безбедно управување со протестите, пишува Асошиетед прес.
Првите 2.000 војници на Националната гарда почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес во неделата по наредба на Трамп, откако тој ден се случи најтешкото насилство од тридневните демонстрации, за кои демонстрантите велат дека ги раздвојуваат семејствата на мигрантите.
Демонстрациите вчера беа значително помалку бучни од неделните – илјадници мирно протестираа пред Градското собрание, а стотици пред федералниот комплекс каде што се држат некои имигранти уапсени во рациите на работното место низ Лос Анџелес.
Трамп го опиша Лос Анџелес со погрдни зборови за кои гувернерот Њусом и градоначалничката Карен Бас велат дека се далеку од вистината. Њусом и Брас велат дека Трамп ја загрозува јавната безбедност со испраќање повеќе војници и покрај тоа што полицијата вели дека не им треба помош.