Трамп ќе поднесе тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против „Њујорк тајмс“. Претседателот на САД, Доналд Трамп ја објави оваа намера на неговата социјална мрежа.
-Денес имам голема чест да поднесам тужба од 15 милијарди долари за клевета и навреда против „Њујорк тајмс“, рече Трамп во објава на неговата платформа за социјални медиуми „Truth Social“.
Тужбата ќе биде поднесена во Флорида, рече Трамп, без да даде дополнителни детали за случајот.

-„Њујорк тајмс“ имаше право да ме лаже, клевети и дискредитира предолго, но тоа завршува СЕГА“, напиша Трамп.
„Њујорк тајмс“ не одговори веднаш на барањето за коментар.
Трамп го обвини весникот дека лаже за него, неговото семејство и неговиот бизнис.
Американскиот претседател се одлучил на овој чекор заради написите на Њујорк Тајмс за неговата вовлеченост во случајот Епштајн.