Трамп ќе потпише извршна наредба за САД да добијат „железна купола“

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп се очекува да потпише нови извршни наредби поврзани со одбраната, помеѓу кои е вклучена и изградба на „железна купола“ врз САД, слична на таа која ја има Израел.

Трамп претходно вети дека ќе изгради таков систем – сличен на истоимениот ракетен одбранбен систем на Израел – како дел од мерките за зајакнување на американската воена безбедност.

Ваквата наредба е во насока на креирањето „нова генерација“ на штит за одбрана на САД. Се бара изградба на „железна купола“ за Америка што се очекува да чини милијарди долари.

„Извршната наредба го насочува спроведувањето на ракетниот одбранбен штит од следната генерација на Соединетите Американски Држави против балистички, хиперсонични, напредни крстосувачки ракети и други воздушни напади од следната генерација“, се вели во информативниот лист објавен од Си-Ен-Ен, нарекувајќи ги таквите потенцијални напади како „катастрофална закана“.

Во модерната историја САД никогаш не морале да се бранат од ваков тип на оружје испукано кон нивната територија.

Зачлени се на нашиот е-билтен