Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин на 15 август во Алјаска, пренесе Си-Ен-Ен.
„Долгоочекуваната средба меѓу мене, како претседател на Соединетите Американски Држави, и претседателот Владимир Путин на Русија, ќе се одржи следниот петок, 15 август 2025 година, во големата држава Алјаска“, напиша Трамп на Truth Social, додавајќи дека „повеќе детали ќе следат“.
На 8 август, Трамп изјави дека многу наскоро ќе се сретне со Путин, додавајќи дека евентуалниот мировен договор меѓу Русија и Украина ќе вклучува размена на територии.
На 6 август, американскиот претставник Стив Виткоф се сретна со Путин во Москва на разговори опишани од Кремљ како „продуктивни“ – додека се приближуваше рокот на Трамп за воведување нови санкции поради војната на Русија во Украина.
„Остварен е голем напредок!“, напиша Трамп по средбата во Москва.