Доналд Трамп се соочува со можно второ федерално обвинение откако го доби она што е познато како „целно писмо“ од специјалниот советник Џек Смит, во врска со некои аспекти од кривичната истрага за неговите напори да остане на власт откако ги загуби изборите во 2020 година, вклучително и настаните околу бунтот на 6 јануари 2021 година од неговите поддржувачи во Капитол, пренесува Њу Јорк Тајмс.
Во објава на својата платформа за социјалните медиуми, Truth Social, Трамп напиша дека го примил писмото во неделата и дека добил четири дена да се пријави пред големата порота. Тој го опиша Смит како „полуден“.
Ова е второ писмо од Смит кој го известува Трамп дека е мета на федералната истрага. Првото, од минатиот месец, беше поврзано со ракувањето на Трамп со чувствителни документи откако тој ја напушти функцијата. Неколку дена откако тоа писмо стана јавно, Трамп беше обвинет за 37 кривични точки кои покриваат седум делови од федералниот закон.
Подготви: Д. Мишев(ЦивилМедиа0