Војната во Украина трае 1.198 дена. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Владимир Путин му рекол дека Русија ќе мора да одговори на најновиот напад на украински беспилотни летала на територијата на Руската Федерација бидејќи „таквиот напад не може да остане без одговор“, рече шефот на Белата куќа без да наведува детали кога разговарал со Путин.
Од друга страна, Москва потврди дека Трамп му рекол и на Путин дека САД не знаеле за украинските напади врз руските аеродроми.
Рускиот претседател имал уште еден телефонски разговор со новиот папа, Лав XIV, а Путин изразил надеж дека Ватикан поактивно ќе ја промовира слободата на религијата во Украина, објави Кремљ.