Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија ќе се соочи со „високи нивоа на даноци, такси и санкции“ доколку претседателот Владимир Путин не ја прекине војната во Украина.
Трамп ја започнува објавата, на својата платформа Truth Social изразувајќи ја својата „љубов“ кон рускиот народ и неговиот „добар однос“ со Путин, а потоа даде директно предупредување „СТОП за оваа смешна војна!“
Тој пишува: „Ќе стане полошо. Ако не постигнеме договор и тоа брзо, нема да имам друг избор освен да воведам високи нивоа на даноци, такси и санкции на се што се продава од Русија во САД и на други вклучени држави. Време е да се направи договор, да не се губат веќе животи“.
Русија е веќе најсанкционираната земја во светот и има многу малку клучни субјекти или сектори кои веќе не се предмет на американски и европски ограничувања.
Руските банки и воено-индустриските претпријатија се адаптираа и развија решенија за да ги избегнат постоечките санкции.