Администрацијата на Трамп се обидува да ја промени административната програма на Бајден која ја проширува интернет покриеноста во руралните области и со тоа да ги наполни џебовите на копретседателот Илон Маск во процесот, пишува Гардијан во средата.
Според извештајот на Гардијан, секретарот за трговија Хауард Лутник им рекол на високите функционери дека сака да ја измени БЕАД, програмата вредна 42,5 милијарди долари за широкопојасен интернет што Конгресот ја усвои во 2021 година и со тоа да стави крај на планот на администрацијата на Бајден за изградба на оптички мрежи низ целата земја за проширување на пристапот до интернет. Планираните кабелски мрежи со оптички влакна ќе бидат заменети со сателитски услуги, како што е Starlink на Маск.
Користењето сателит наместо кабел со оптички влакна веројатно би било поевтино за владата. Но, сателитската услуга е помалку доверлива и поскапа за потрошувачите отколку интернетот со оптички влакна, објави „Гардијан“.
„Мислам дека нема сомнеж дека ова ќе се оствари“, изјави за Гардијан Блер Левин, советник за политика во фирмата за телекомуникациска анализа New Street Research. „Она што е сомнеж е дали луѓето ќе добијат долгорочно решение или нешто што е дефинитивно добро за Илон Маск“.
Уште повеќе, изградбата на мрежа со оптички влакна предвидуваше нови работни места во кои ќе исчезнат доколку администрацијата на Трамп го откаже планот.
„Гардијан“ смета дека секоја промена на програмата може да се соочи со значителен притисок од државите и Конгресот, вклучително и републиканските сенатори кои претходно бараа гаранции од претставници на администрацијата за федералната програма, која се очекува да генерира милијарди долари долгорочен економски раст во некои од најсиромашните држави во САД.
Ова е најновиот случај во кој Маск финансиски профитира од својата матна позиција во администрацијата на Трамп.
На пример, Федералната управа за авијација планира да го прекине договорот вреден 2,4 милијарди долари со Verizon за комуникациски систем и наместо тоа да оди со Starlink на Маск.
Маск, исто така, требаше да добие 400 милиони долари од Стејт департментот, кој планираше да купи оклопни возила Tesla Cybertruck за да ги превезува американските дипломати. Но, тој план беше отфрлен по реакциите.
Маск бездруго ја изгради својата деловна империја во голем дел со 38 милијарди долари владино финансирање, објави Вашингтон пост, и тој сега е најбогатиот човек на светот.
„Дивеењето“ на Маск низ федералната влада е непопуларно кај гласачите.
Анкетата на Civiqs спроведена за Daily Kos од 28 февруари до 3 март покажа дека 53% не го одобруваат начинот на кој Маск се справува со својата работа како висок советник на Трамп.