Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да потврди дека нема да користи воени или економски мерки за да ги стави Панамскиот канал и островот Гренланд под контрола на САД, пишува Гардијан.
„Не, не можам да ви го гарантирам тоа за ниту еден од овие два случаи“, одговори Трамп на прашањето на новинарот на прес-конференција во Мар-а-Лаго дали ја отфрла можноста за „воена или економска принуда“ да ги стави тие области под контрола на САД.
„Но, можам да го кажам ова: ни требаат за економска безбедност. Панамскиот канал е изграден за нашата војска. Нема да се обврзам на тоа во моментов… тоа може да преземе некоја акција“, продолжи Трамп, додавајќи:
„Панамскиот канал е од витално значење за нашата земја. Со него управува Кина… Ѝ го дадовме Панамскиот канал на Панама. Ние не и го дадовме на Кина, а тие го злоупотребија“.
Панамскиот канал е изграден од САД и предаден на Панама во 1999 година. Претседателот на Панама одби да преговара со Трамп за неговата контрола.