„Мислам дека сме поблиску од кога било до решавање на конфликтот во Украина. Ќе видиме што можеме да направиме“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во Белата куќа.
Тој рече дека ималедолги разговори и дека досегашниот развој на настаните изгледа позитивен, истакнувајќи дека и претходно дал слични проценки. Американскиот претседател рече дека имал долг разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Трамп, исто така, рече дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со лидерите на Велика Британија, Германија, Данска, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Финска и Франција, како и со претставници на НАТО.