Трамп помладиот не ја исклучува можноста да се кандидира за претседател

Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор, кој го води семејниот бизнис, не ја исклучи можноста „еден ден“ да се кандидира за претседател на САД.

„Не знам, можеби еден ден ќе се постави тоа прашање“, изјави Трамп Јуниор (47) на економски форум во Доха, кога модераторот го праша дали би размислил за кандидатура по заминувањето на неговиот татко.

Трамп Јуниор рече дека неговата цел е да му ја пренесе на деловниот свет пораката од администрацијата на Трамп за потребата од „искоренување на идеологијата на политичка коректност, која презеде контрола“, нагласувајќи дека тоа „не е само прашање на владата, туку и на приватниот сектор“.

Вториот мандат на Трамп, според него, претставува „најголемата можност за ресетирање на Америка, за обновување на меѓународните односи, како и за создавање просперитет и раст за сите. И јас целосно го поддржувам тоа“, изјави Трамп Јуниор на крајот од сесијата, при што нагласи дека, пред сè, се смета за претприемач.

Зачлени се на нашиот е-билтен