Илон Маск дојде во Белата куќа со неколку Тесла модели, откако Доналд Трамп најави дека ќе купи еден од неговиоте автомобили
Американскиот претседател бил воодушевен.
„Леле, тоа е прекрасно- сè е компјутер!“, вокликнуваше Трамп.
Трамп, наводно, се одлучил за Tesla Model S, во црвена боја. Автомобилот се продава за повеќе од 70.000 долари.
„Радикалните леви лудаци, како што често прават, се обидуваат незаконски и дослух да го бојкотираат Тесла, еден од најголемите светски производители на автомобили, и ‘бебето’ на Илон, со цел да го нападнат и да му нанесат штета за сето она за што тој се залага“, напиша претседателот на неговата социјална мрежа.
„Ќе купам сосема нова Tesla како знак на доверба и поддршка за Илон Маск, навистина голем Американец“, додаде тој.
Трамп, исто така, рече дека на својата внука и купил сајбертрак, според репортерката на CBS, Кетрин Вотсон.
И како да тоа не било доволно, Трамп уште рекол дека ќе ги означи нападите против дилерите на Тесла како домашен тероризам.