Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека може да го активира Законот за бунт, закон што дозволува употреба на војската на територијата на земјата, во услови на тековните протести во државата Минесота по фаталното пукање на федерален агент минатата недела.
„Доколку корумпираните политичари од Минесота не го почитуваат законот и не ги спречат професионалните агитатори да ги напаѓаат агентите на имиграциските и царинските власти кои едноставно си ја вршат работата, ќе го активирам Законот за бунт и брзо ќе го прекинам бесот што се случува во оваа некогаш голема држава“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
Во среда, агент за имиграција застрела и рани човек во Минеаполис, што доведе до нов бран протести. Претходно во истиот град сгент на Имиграциската и царинската агенција уби жена.