Сојузните Американски Држави располагаат со најмоќно оружје на светот за кое никој не знае, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на разговорот со новинарите во Белата куќа на 9 април.
„Многу сме моќни. Оваа земја е многу моќна. Многу посилна отколку што луѓето разбираат. Имаме оружје за кое никој нема појма што е и тоа е најмоќното оружје на светот“, рече тој, додавајќи дека никој нема ништо приближно на тоа мистериозно оружје.
Трамп не откри никаков детал за оружјето, но ова не е прв пат да споменува нешто слично. Слична изјава даде и за време на првиот мандат, кога зборуваше за книгата на новинарот Боб Вудворд „Бес“. Тогаш исто така изјави дека никој не знае за тоа оружје и дека би било подобро да „остане тајна“.
„Јас изградив нуклеарен систем наоружување каков што никој досега не имал во оваа земја… Имаме работи кои не сте ги виделе ниту слушнале. Имаме работи за кои (рускиот претседател Владимир) Путин и (кинескиот претседател) Си (Џинпинг) никогаш претходно не чуле“, гласи изјавата на Трамп од 185. страна.
Трамп ова оружје го спомена во одговор на прашањето за загриженоста поради можна ескалација на трговската војна по зголемувањето на царините на стоките од Кина.
„Претседателот Си е еден од најпаметните луѓе на светот и мислам дека нема да дозволи да се случи тоа“, изјави Трамп, а потоа започна да зборува за тајното оружје.
Кина најави дека ќе воведе царини од 84 отсто на сите производи од САД, со што претходно најавената тарифа од 34 отсто беше дополнително зголемена, а исто така поднела нова жалба до Светската трговска организација (СТО).
САД вчера ги суспендираа царините на 90 дена за сите земји освен за Кина, на која ѝ ги зголемија царините на 125 отсто.