Трамп со почести го пречека Путин, па “го прибра” во Кадилакот

Доналд Трамп ја започнаа својата средба на воената база Елмендорф-Ричардсон на Алјаска, со тет-а-тет разговор во претседателската лимузина на Трамп.

Како што јавува UNN, Путин се качил во претседателскиот „Кадилак“ на САД веднаш по неговото пристигнување на пистата.

Средбата започна откако двајцата лидери излегоа од своите авиони, се поздравија со ракување, а потоа продолжија кон возилото за приватен разговор.

Претходно беше објавено дека авионот Ил-96 со кој патуваше Путин слетал на воената база во Анкоридж, пристигнувајќи од Магадан. Според руските медиуми, првично било планирано тој да се вози низ Алјаска во автомобил „Аурус“ со московски регистарски таблички.

Зачлени се на нашиот е-билтен