Трамп: Украина можеби нема да преживее

By Gage Skidmore , Donald Trump, CC BY-SA 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=151886913
By Gage Skidmore , Donald Trump, CC BY-SA 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=151886913

Доналд Трамп рече дека Украина „можеби нема да преживее“ бидејќи Белата куќа врши притисок врз Володимир Зеленски да се откаже од територијата што ја зазеде Русија, пренеса британски Телеграф.

Пред почетокот на мировните преговори во Саудиска Арабија оваа недела, во интервју за ТВ Фокс Трамп посочи дека Украина може да престане да постои како суверена држава.

На Зеленски му беше кажано дека мора да покаже дека е подготвен да отстапи земја окупирана од Русија доколку сака Вашингтон да ја укине забраната за оружје и споделување разузнавачки информации.

Трамп постојано ја повика Украина да потпише договор за минерални суровини што ќе им овозможи на САД пристап до 50 отсто од рудното богатство на Украина, кој може да биде потпишан уште оваа недела.

Американскиот претседател приватно одлучи дека договорот нема да биде доволен за да се рестартира протокот на воена помош и разузнавачки информации, изјавија за Телеграф извори во Киев.

Тој сега бара Зеленски да се согласи да ѝ отстапи територија на Русија – нешто што украинскиот претседател рече би размислил како отстапка за приклучување кон НАТО, што Вашингтон го отфрли.

Зачлени се на нашиот е-билтен