Американскиот претседател Доналд Трамп предложи воведување царина од 50% врз Европската Унија почнувајќи од 1 јуни.
„Европската Унија, која беше основана првенствено за да ги експлоатира Соединетите Американски Држави во трговијата, е исклучително тешка за соработка. Нивните високи трговски бариери, ДДВ, апсурдни казни за корпорациите, нетарифни бариери, манипулација со валути, неправедни и неосновани тужби против американски компании и друго доведоа до трговски дефицит со Соединетите Американски Држави од повеќе од 250 милијарди долари годишно – бројка што е целосно неприфатлива.
Нашите преговори со нив не водат никаде! Затоа, препорачувам воведување рамна царина од 50% врз Европската Унија, почнувајќи од 1 јуни 2025 година. За производи произведени или склопени во Соединетите Американски Држави, царината нема да се применува. Ви благодарам за вашето внимание“, напиша Трамп.