Американскиот претседател Доналд Трамп упати остро предупредување до Кина, најавувајќи воведување царини до 50 отсто за кинеската стока доколку Пекинг пружи воена поддршка на Иран во актуелниот конфликт на Блискиот Исток.
„Ако бидат фатени во тоа, ќе се соочат со царини до 50 отсто – што е навистина многу“, изјави Трамп во интервју за Fox News.
Според најавите, Трамп треба да отпатува во Пекинг на 14 и 15 мај, каде ќе се сретне со кинескиот претседател Кси Џипинг. Средбата првично беше одложена поради ескалацијата на војната на Блискиот Исток.
Во меѓувреме, CNN објави дека американските разузнавачки служби предупредуваат оти Кина се подготвува да испорача нови системи за противвоздушна одбрана на Иран во наредните недели.
Според истиот извор, постојат индикации дека Пекинг се обидува да ги насочи овие испораки преку трети земји, со цел да го прикрие нивното потекло.