Три четвртини од жртвите во сообраќајни несреќи во Европа се мажи

Во 2023 година, Европската Унија бележи пад од 1.3% во бројот на смртоносни сообраќајни несреќи, што значи дека на патиштата на ЕУ загинале 20.380 лица. Ова е значајно намалување од 16% во однос на 2013 година, но сепак, бројките варираат значително помеѓу различни земји членки на ЕУ.

Во девет земји членки — Бугарија, Романија, Летонија, Хрватска, Грција, Португалија, Литванија, Италија и Полска — се пријавени високи стапки на смртност од сообраќајни несреќи, со 50 или повеќе смртни случаи на милион жители. Наспроти овие земји, Шведска, Данска, Малта и Финска имаат најниски бројки, со 22, 27, 30 и 33 смртни случаи на милион жители.

Евростат исто така објави податоци за земјите кои не се членки на ЕУ, како што се Норвешка, Исланд и Швајцарија, кои имаат релативно ниски стапки на смртност од 20, 21 и 27 на милион жители.

Во 2024 година, иако статистиката за смртните случаи продолжува да се намалува во Европската Унија, бројот на загинати останува виок, што бара дополнителни напори за намалување на ризиците на патиштата.

Податоците на Евростат исто така покажуваат разлики според полот на возачите. Мажите претставуваат скоро три четвртини од смртните случаи, што е резултат на нивната склоност кон возење под дејство на алкохол, пречекорување на брзината и користење мобилни телефони за време на возењето.

Алкохолот е една од главните причини за сообраќајни несреќи во многу европски земји. Според статистиката, 26% од смртоносните несреќи во Шпанија се предизвикани од возачи под дејство на алкохол.

Жените имаат тенденција да бидат попретпазливи во сообраќајот, додека мажите често преземаат поголеми ризици, што доведува до повисока смртност меѓу мажите.

Зачлени се на нашиот е-билтен