Канада ќе одговори веднаш и силно доколку Соединетите Американски Држави продолжат со заканите за воведување царини, рече премиерот Џастин Трудо во петокот, предупредувајќи ги Канаѓаните дека може да се соочат со тешки времиња.
Претседателот Доналд Трамп постави краен рок во сабота да воведе царина од 25 отсто за увозот од Канада и Мексико. Тој вели дека сака посилна акција за да се запре протокот на илегални имигранти и смртоносниот опиоид фентанил во САД.
Трудо, зборувајќи пред советот за односите меѓу Канада и САД, рече дека земјата се наоѓа во критичен момент.
„Ние сме подготвени со одговор – намерен, силен, но разумен, итен одговор. Тоа не е она што го сакаме, но ако тој продолжи напред, ние исто така ќе дејствуваме“, рече тој додавајќи дека сите опции се на маса.
Канада испраќа 75% од целиот извоз на стоки и услуги во САД и економијата би била тешко погодена од ветените царини на Трамп.
„Нема да го ублажувам – нашата нација би можела да се соочи со тешки времиња во наредните денови и недели“, рече Трудо.
„Знам дека Канаѓаните може да бидат вознемирени и загрижени, но сакам да знаат дека федералната влада и сите владини институциите им го чуваат грбот“, рече Трудо.