Тунберг тврди дека била малтретирана во израелскиот притвор

EPA/YANNIS KOLESIDIS

Шведската климатска активистка Грета Тунберг изјави дека била малтретирана за време на притворањето во Израел, обраќајќи им се на поддржувачите и медиумите по пристигнувањето на меѓународниот аеродром во Атина, Елефтериос Венизелос, пренесуваат грчките медиуми.

„Можев да зборувам многу, многу долго за нашето малтретирање и злоупотреби во нашето затворање. Верувајте ми, но тоа не е приказната“, им рече таа на стотиците поддржувачи кои се собраа на аеродромот.

За време на својот говор, таа го обвини Израел за геноцид и ги повика владите да преземат мерки за да го спречат тоа.

„Израел го ескалира геноцидот и масовното уништување со геноцидна намера, обидувајќи се да избрише цела популација пред нашите очи“, рече таа.

Тунберг, заедно со други активисти, помина низ портата за пристигнување на аеродромот со крената тупаница, под навивањето на стотици поддржувачи кои извикуваа слогани.

Таа беше меѓу 134-те активисти од Глобалната флотила Сумуд, вклучувајќи 27 грчки државјани, кои беа префрлени во Атина со чартер лет по нивното ослободување од израелски притвор.

Зачлени се на нашиот е-билтен