Уапсени 32 лица во Полска осомничени за соработка со Русија за саботажа

Фото: Nikolay Doychinov (EU2018BG)

Полскиот премиер Доналд Туск денес соопшти дека властите уапсиле 32 лица осомничени дека соработувале со Русија со цел вршење саботажи, пренесува полската новинска агенција PAP.

Во групата се наоѓаат Полјаци, Руси, Украинци, Белоруси, како и 27-годишен Колумбиец обвинет за два пожарни напади во Полска во 2024 година, извршени по наредба на Русија.

Едно лице веќе е осудено, додека останатите се во притвор и чекаат судење. Полската агенција за внатрешна безбедност соопшти дека Колумбиецот се соочува со казна затвор од 10 години до доживотна, поради подметнување пожари во два градежни магацини во мај 2024 година.

Обвинетиот наводно добил инструкции, вклучувајќи и упатства како да направи Молотов коктел, од некој поврзан со руски разузнавачки служби.

Повеќе детали за останатите осомничени или за случаите на саботажа не беа веднаш достапни.

Зачлени се на нашиот е-билтен