Англиската полиција уапси тројца фудбалски навивачи поради хомофобични скандирања што можеа да се слушнат од трибините за време на саботниот натпревар меѓу Вулверхемптон и Челзи во Премиер лигата.
Двата клуба, како и Премиер лигата, го осудија таквото однесување на трибините, а домашниот клуб преку системот на комуникација со сопствениците на сезонски билети ги опомена навивачите дека „дискриминацијата и какви и да е повици од ваков тип на трибините“ нема да бидат толерирани.
„Хомофобијата, како и кој било друг облик на дискриминација“, нема место на стадионите, во спортот и во општеството целина. Секој, кој ќе се однесува на овој начин ќе биде предмет на кривична истрага“, соопшти Вулверхемптон.