Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уапсениот американски новинар се појави пред суд во Москва

Уапсениот американски новинар Еван Гершкович се појави пред судот во Москва за да вложи жалба на притворот кој му е одреден под обвинение за наводна шпионажа во Русија.

Рочиштето е процедурално и се однесува само на тоа како Гершкович ќе биде притворен во очекување на судењето.

Руската Федерална служба за безбедност го приведе американскиот новинар во Екатеринбург на 29 март и го обвини дека се обидел да добие доверливи информации за руска фабрика за оружје.

Новинарот на „Волстрит џурнал“ е првиот американски дописник од Студената војна кој е приведен во Русија поради наводна шпионажа.

Амбасадорот на САД во Русија Лин Трејси вчера го посети Гершкович и истакна дека „добро му оди“.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново