Во четвртокот навечер, во еден ресторан во виенската населба Отакринг, дошло до вооружен напад во кој едно лице е убиено, а друго е тешко повредено и се бори за живот. Напаѓачот и неговиот соучесник се во бегство, а полицијата спроведува обемна потрага, пренесува австрискиот весник Kronen Zeitung.
Крвав пресмет по расправија
Инцидентот се случил околу 21:45 часот во турски ресторан на улицата Пајергасе. Според првичните информации, настанот бил предизвикан од расправија меѓу неколку мажи, по што едниот извадил огнено оружје и испукал неколку куршуми кон другите двајца.
Жртвите се двајца мажи со чеченско потекло. Едниот починал на самото место, наводно од прострелна рана во стомакот, додека другиот со тешки повреди опасни по живот бил пренесен во болница.
Мотивот сè уште непознат
Причината за вооружениот конфликт засега не е позната. Познаници на жртвите изјавиле дека сторителот можеби е лице со српско потекло, но истражителите веруваат дека се работи за австриски државјанин со мигрантско потекло. Истрагата ја презеде виенската криминалистичка полиција.
Голема полициска акција
Веднаш по пукањето, беше организирана голема полициска акција во неколку окрузи на Виена. Поширокото подрачје околу местото на злосторството беше блокирано од безбедносни причини, а потрагата траела до доцна во ноќта.
Серија насилства во истиот кварт
Овој трагичен инцидент се случува само еден ден по уште еден насилен напад во Отакринг – 54-годишен сопственик на локал бил нападнат и повреден пред својата продавница од група од четворица млади мажи.
Извор:Index.hr

