Украина изрази поддршка за тристрана средба со САД и Русија за прашањата на мирот

Фото: X/@ZelenskyyUa

Претседателот на Украина оствари подолг и содржаен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, прво еден на еден, а потоа и со учество на европски лидери.

Разговорите траеле повеќе од еден и пол час, при што околу еден час биле посветени на директен разговор со Трамп.

Украина ја потврдува својата подготвеност за максимално продуктивна работа во насока на мирот.

Претседателот Трамп ја информирал украинската страна за својата средба со рускиот лидер и за главните точки на разговорот, при што беше нагласено дека силата на САД влијае на развојот на ситуацијата.

Украина ја поддржува иницијативата за тристранска средба Украина–САД–Русија, истакнувајќи дека клучните прашања можат да се разгледуваат на ниво на лидери. Детали за завршување на воените дејствија ќе бидат разгледани во наредната средба на украинскиот претседател со Трамп во Вашингтон во понеделник.

Исто така, беше нагласена важноста од активно учество на европските партнери во сите фази за да се обезбедат сигурни гаранции за безбедноста на Украина заедно со САД, а украинската страна продолжува да ги координира позициите со сите меѓународни партнери.

Зачлени се на нашиот е-билтен