Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украина ја додаде компанијата „Филип Морис“ на списокот „меѓународни спонзори на војната“

Национална агенција за спречување на корупцијата на Украина (НАЗК) на списокот на „меѓународни спонзори на војната“ вклучи две од водечките тутунски компании во светот, „Филип Морис интернешнл“ (Philip Morris International) и „Џапан Тобако интернешнл“ (Japan Tobacco International), поради нивната соработка со Руската Федерација.

– Пушењето убива. Не само поради неговите последици по здравјето на луѓето, туку и затоа што некои од најпознатите и најголемите тутунски компании во светот продолжуваат да работат во Руската Федерација и го полнат буџетот на агресорите, се наведува во соопштението на НАЗК објавено на Телеграм.

Во соопштението се истакнува дека согласно финансиските извештаи на рускиот оддел на „Филип Морис“, приходите на компанијата во првата година од руската инвазија врз Украина се зголемиле за осум отсто на 140,3 милијарди рубљи, а нето добивката на 48,2 милијарди рубљи, што е за 45 отсто повеќе од 2021 година. (еден американски долари е околу 95 рубљи).

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново