Во украински напади со дронови општетени се неколку згради во текот на ноќта во јужниот руски град Ростов на Дон, изјави денеска гувернерот Јуриј Сљусар, јави ДПА.
Тој посочи дека 74 жители биле евакуирани од неколку згради, но не соопшти информации за повредени.
Во меѓувреме, во текот на ноќта се издадени предупредувања за беспилотни летала над главниот град на Украина, Киев.
Градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм објави дека руско беспилотно летало се упатило кон центарот на градот, иако нема информации за штета или жртви.
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 67 од 139 руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта, додека уште 71 исчезнале од радарите без да стигнат до нивните цели.
Руското Министерство за одбрана во петокот соопшти дека нејзините сили ја презеле контролата врз стратешкиот град за ископ на јаглен Торецк во источна Украина, но украинската војска негираше дека градот бил заземен и објави дека има тешки борби во и околу него.