Украинските сили извршија серија напади со дронови во текот на ноќта и раните утрински часови врз неколку руски региони, јавува Euronews, повикувајќи се на украински медиуми.
Според УНИАН, голем број експлозии биле регистрирани во Рјазанската и Ростовската област, а извештаи од руски канали на Телеграм потврдуваат активност на воздушната одбрана.
Руските власти соопштија дека воздушната одбрана дејствувала во близина на металуршкиот комбинат Новолипецк, а најмалку седум експлозии одекнале во градот Липецк. Гувернерот на Рјазанската област потврди дека руски сили собориле украински дрон над регионот.
Според првичните информации, нема повредени, ниту пак се пријавени оштетувања на станбени згради или објекти од социјалната инфраструктура. Локалните служби за итни случаи се на терен и работат на расчистување на урнатините.