Украина зазела село во Луганкс, територија што Русија ја окупира од 2022 година

Фото: X/@DefenceU

Украинската армија соопшти дека нејзините војници повторно зазеле мало село во источниот регион Луганск, што е редок успех на бојното поле за силите на Киев во област што Русија речиси целосно ја зазеде од инвазијата во 2022 година.

Украинските копнени сили објавија на Телеграм дека го „ослободиле селото Надија во областа Луганск“ во 30-часовна операција во која повторно зазеле три квадратни територија.

Ваквата украинска офанзива доаѓа во пресрет на преговорите кои Украина и Русија одделно ќе ги водат со САД во Саудиска Арабија.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека украинската и американската делегација ќе се сретнат в недела, без да даде дополнителни детали за тоа што се чини дека е промена на форматот.

Зачлени се на нашиот е-билтен