Украинската армија изврши напади врз нафтени рафинерии во две руски области

Украинската армија денеска соопшти дека во изминатите два дена извршила напади врз нафтени рафинерии во две руски области.

Генералштабот на украинската армија објави на Фејсбук дека цел на нападите биле рафинериите во Рјазанската и Самарската област.

Според украинските воени власти, овие рафинерии обезбедувале гориво за руската армија.

„Рафинеријата во Рјазанската област произведуваше во просек 840.000 тони висококвалитетно гориво за авионски мотори“, се вели во соопштението на украинскиот Генералштаб, во кое се додава дека тоа гориво било користено од руските воени авиони што ја напаѓаат Украина.

Горивото од рафинеријата во Самарската област било транспортирано преку нафтоводи и железница до руските вооружени сили стационирани во северниот дел на Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен