Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украинските сили го ослободиле селото Пјатихатки, прв успех на фронтот Запорожје

фицијален претставник назначен од руските окупаторски власти денеска призна дека Украина повторно зазела село во јужниот регион Запорожје, што е нејзин прв успех на тој фронт откако ја почна својата контраофанзива претходно овој месец.

Владимир Рогов изјави дека украинските сили ја зазеле населбата Пјатихатки и таму се вкопуваат додека се под оган од руска артилерија.

– Непријателските офанзивни „бранови“ дадоа резултати, и покрај огромните загуби, напиша Рогов на Телеграм и додаде дека во областа продолжуваат тешки борби.

Засега нема коментар од Украина, а светските медиуми нагласуваат дека информацијата за ситуацијата на бојното поле не може независно да биде потврдена. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново