Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украинското МНР: Средбата на Лукашенко со Пашулин е флагрантен непријателски чин од страна на Белорусија

Министерството за надворешни работи на Украина издаде соопштение во врска со средбата на белорускиот претседател Александар Лукашенко со претставникот на руската окупациска администрација Денис Пушилин.

Во соопштението, МНР на Украина го осудува одржувањето на средбата на Александар Лукашенко на 18 април во Минск со Денис Пушилин како обид за легитимирање на овој претставник на руската окупациска администрација во Донецк.

Средбата со претставникот на руската окупациска администрација, кој се крие од украинската истрага за извршување на тешки злосторства и се наоѓа под украински и меѓународни санкции, ја сметаме за уште еден флагрантен непријателски чин од страна на Република Белорусија насочен кон поддршка на државата агресор рф.

Во врска со ова, Министерството за надворешни работи на Украина одлучи да го повика на консултации амбасадорот на Украина во Република Белорусија Игор Кизим. Минск треба да се воздржи од вакви деструктивни чекори и да престане да ја поддржува руската агресивна војна против Украина.

Д. Мишев ( ЦивилМедиа)

Најново