Украина ќе ги поддржи двата договори за прекин на огнот со Русија што ги објави Белата куќа, изјави украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров.
Тој нагласи дека Киев ја прифаќа можноста трета страна да го надгледува спроведувањето на договорите за прекин на огнот во Црно Море и за заштита на енергетската инфраструктура.
Умеров порача дека секое движење на руски воени бродови надвор од источниот дел на Црно Море ќе се смета за кршење на договорот, по што Украина ќе има право на самоодбрана.
Претходно, Белата куќа соопшти дека постигнала договор со Украина и Русија за безбедна навигација во Црно Море и забрана за напади врз енергетската инфраструктура на двете земји.