Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уништени 60 илјади тони жито поради руските напади на Одеса, тврди украински министер

Украинскиот министер за аграрна политика и исхрана Микола Солски денеска изјави дека 60 илјади тони жито се уништени во поморските пристаништа Одеса и Черноморск како резултат на руските напади на 18 и 19 јули и ја повика светската заедница силно да одговори на агресијата.

Како што се наведува во соопштението, по ноќниот напад на терминалите за жито и пристаништето во пристаништата Одеса и Черноморск, оневозможен е значителен дел од инфраструктурата за извоз на жито. Целосната реконструкција на погодените згради ќе трае најмалку една година .

Во пристаништето во Черноморск беа уништени и 60.000 тони жито, кое требаше да биде испратено преку коридорот за жито пред 60 дена.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново