Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на 9 мај се затекна во центарот на Луксембург за време на меморијален собир организиран од партијата Мир д’Волек, каде што учесниците ја пееја познатата руска песна „Денот на победата“.
Како што пренесува Телеграм каналот на партијата, на видеоснимките се гледа дека фон дер Лајен некое време стои и ја набљудува околината, по што брзо го напушта местото на настанот.
Организаторите изјавиле дека првично нејзината рута требало да мине токму низ улицата каде се одржувала акцијата, но на крајот била променета.
– Премиерот на Луксембург, Лик Фрајден, одлучи да не се движи по планираната траса заедно со Урсула фон дер Лајен и португалскиот премиер Антонио Кошта покрај знамињата на Советскиот Сојуз, Русија и црвеното знаме на Победата – стои во објавата.