Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вајдел и официјално кандидатка за канцеларка на Германија од АфД

Фото: X/@Alice_Weidel

Крајно-десната партија Алтернатива за Германија (АфД) и официјално ја именуваше Алиса Вајдел за кандидатка за канцеларка на Германија на престојните парламентарни избори.

Таа беше едногласно избрана за за кандидатка за канцеларка на партиската конференција во Риеса, Саксонија, на конгрес на кој немаше противкандидат.

Вајдел, која е лидерка на партијата и парламентарната група, вети дека Германија повторно ќе купува руски гас од гасоводот „Северен тек“ преку Балтичкото Море.

Претходно неделава, Вајдел му гостуваше на разговор емитуван во живо преку социјалната мрежа X, на Илон Маск во кој разговараа за иднината и историјата на Германија.

Зачлени се на нашиот е-билтен