Велика Британија испраќа воени авиони и други средства на Блискиот Исток во услови на зголемени тензии со Иран. Одлуката следи по предупредувањето на Техеран дека ќе ги нападне базите на западните сојузници во регионот, доколку тие му помогнат на Израел во евентуален вооружен судир.
Британскиот премиер Кир Стармер, на пат кон самитот на Г7 во Канада, изјави дека не ја исклучува можноста за воена поддршка на Израел, како што тоа се случи и во октомври минатата година за време на нападите со балистички ракети од страна на Иран.
„Преместуваме средства во регионот, вклучително и авиони, и тоа е за резервна поддршка“, изјави Стармер, пренесе Ројтерс.
Велика Британија веќе има распоредено борбени авиони на Блискиот Исток како дел од операцијата за справување со закани во Ирак и Сирија.