Белата куќа синоќа објави дека потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, ќе ја посети Унгарија и ќе одржи билатерални средби со унгарскиот премиер Виктор Орбан од 7 до 8 април.
Во соопштението се вели дека Венс ќе ја посети Будимпешта и ќе одржи говор.
Посетата на Венс ќе се случи неколку дена пред парламентарните избори во Унгарија, закажани за 12 април.