Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вицеканцеларот на Германија Хабек му порача на Маск: Рацете подалеку од нашата демократија!

Вицеканцеларот на Германија Роберт Хабек
Вицеканцеларот на Германија Роберт Хабек

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек го предупреди американскиот милијардер Илон Маск да не се меша во претстојните германски избори и ја критикуваше неодамнешната отворена поддршка на Маск за екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD).

„Држете ги рацете подалеку од нашата демократија, господине Маск“, порача Хабек за магазинот Шпигел на прашањето дали Маск е закана за Германија.

„Комбинацијата од огромно богатство, контрола врз информациите и мрежите, употребата на вештачка интелигенција и волјата да се игнорираат правилата е фронтален напад врз нашата демократија“, продолжи Хабек.

Тој рече дека Маск, советник на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој се очекува да има истакната улога во претстојната американска администрација, прави се што може за да ги протурка неговите интереси.

Маск, кој е познат по своите провокативни објави на својата платформа на социјалните мрежи Х, со денови предизвикува немири во германската политика.

За време на викендот, тој ја поддржа АфД со обемен текст објавен во весникот Велт ам Зонтаг пред изборите на 23 февруари.

Хабек ги опиша наводите во статијара како „грозни“ и предупреди да не се потценуваат обидите на Маск да изврши влијание во германската политика.

„Најбогатиот човек во светот, кој поседува една од најмоќните комуникациски платформи, отворено поддржува партија која е делумно десно екстремистичка. Не треба да направиме грешка да го отфрлиме ова“, рече Хабек.

Германската домашна разузнавачка агенција BfV ја следи националната партија AfD како осомничена десничарска екстремистичка група, а неколку партиски организации на државно ниво веќе ја добија таа ознака.

Идниот потпретседател на Трамп, Џеј-Ди Венс, исто така неодамна се замеша во претстојните германски избори.

Иако Венс рече дека нема да поддржи ниту една партија во кампањата „бидејќи тоа не е моја земја и се надеваме дека ќе имаме добри односи со сите Германци“, тој продолжи да го осудува прикажувањето на АфД како екстремистичка и нацистичка партија оценувајќи го тоа како „клевета“.

АфД моментално има рејтинг меѓу 18 и 20 отсто пред изборите.

Зачлени се на нашиот е-билтен