[Видео] 25 жртви во пожар во ноќен клуб во Индија

Индија

Во пожар во популарен ноќен клуб во крајбрежниот регион Гоа на Индија загинаа 25 лица, соопштија локалните власти.

Како што пренесува Би-Би-Си, полицијата првично мислеше дека експлодирала плинска боца во кујната на ноќниот клуб „Бирч“ – но главниот министер на регионот во неделата изјави дека ова е исклучено и дека сега се смета дека причина за пожарот е внатрешен огномет.

Местото, кое се наоѓа во близина на популарна плажа, беше преполно со веселници кои дојдоа да слушнат боливудски диџеј. Четири члена од истото семејство од Делхи и 21 вработен загинаа, соопшти полицијата.

Уапсени се четири лица, вклучувајќи го и менаџерот на ноќниот клуб, а издадена е и потерница за сопственикот.

Гоа е поранешна португалска колонија на Арапското Море. Нејзиниот ноќен живот, песочните плажи и одморалиштата привлекуваат милиони туристи годишно.

Очевидци за Би-Би-Си раскажаа за сцени на паника во живата ноќна област.

Еден рече дека бил надвор од клубот во она што била вообичаена саботна вечер со туристи кои се забавувале кога слушнал вресоци.

„На почетокот не разбирав што се случува“, рече тој. „За кратко време, стана јасно дека избувнал огромен пожар. Сцените беа едноставно ужасни.“

Иако главниот влез е широк, преминот преку мало езеро што води до главната структура е тесен и тоа им го отежнуваше на пожарникарите да стигнат до местото.

Главниот министер на Гоа, Прамод Савант, им изјави на новинарите дека три лица починале од изгореници, додека повеќето од другите починале од задушување. Шест лица се во стабилна состојба во болница.

Службениците изјавија дека 20 од работниците што починале биле од индиските држави Џарканд, Утаракханд, Махараштра, Асам, Утар Прадеш, Западен Бенгал и Карнатака. Еден работник бил од Непал.

Скај њуз објави дека најмалку е или 4 жртви се туристи.

Зачлени се на нашиот е-билтен