Електричниот тркачки автомобил McMurtry Spéirling, познат по тоа што ги руши сите брзински и технолошки граници, повторно ја изненади јавноста – овој пат со демонстрација на движење наопаку.
Иако звучи како сцена од научна фантастика, оваа авантуристичка демонстрација навистина се случи – и тоа благодарение на уникатниот систем на подвоздушен потисок што го поседува Spéirling. За разлика од конвенционалните болиди кои се потпираат на аеродинамички крила за стабилност, Spéirling користи моќни вентилатори кои создаваат подпритисок под возилото, генерирајќи потисок од дури 2000 килограми, дури и кога автомобилот мирува.
„Како“ и „каде“?
Поради тоа што не постојат тркачки патеки за ваква намена, тимот на McMurtry сам создаде специјална платформа – ротирачка конструкција налик на голем вртежен подиум, со автомобил поставен нагоре, а патеката буквално „на таванот“.
Автомобилот, управуван од тест-возачот Томас Јејтс, полека се движеше додека платформата се вртеше. Откако вентилаторите се активираа, Spéirling почна да се движи – наопаку, прицврстен на патеката благодарение на потисната сила, без потреба од голема брзина.
Нов и подобрен прототип
За демонстрацијата е користен прототипот PURE Validation Prototype 1, надграден модел на оној што го собори рекордот на фестивалот во Гудвуд. Новиот прототип е дури 3.1 секунди побрз на тест-патеката на Top Gear од верзијата од 2023 година.
Иако изгледа исто како оригиналниот модел од 2021 година, возилото има „специјални модификации за движење наопаку“, велат од McMurtry.
А за љубопитните – да, постои и видео од демонстрацијата, кое дополнително го зголеми интересот за ова импресивно технолошко достигнување.