[Видео} Камала Харис достоинството и официјално во Конгресот ја потврди победата на Трамп

Американскиот Конгрес на посебна седница официјално го потврди изборот на идниот претседател на САД.

Потпретседателката Камала Харис, која беше поразена од Доналд Трамп на претседателските избори на 5 ноември 2024 година, претседаваше со настанот како што налага американскиот Устав.

Конгресната ратификација на протоколот е традиционална формалност пред официјалната инаугурација на новиот претседател. Инаугурацијата на Трамп ќе се одржи на 20 јануари.

Откако беше прочитан бројот на гласови од секоја држава, Харис потврди дека Трамп победил на претседателските избори во САД, а нејзината најава можете да ја погледнете во следното видео:

Зачлени се на нашиот е-билтен