[Видео] Млад кајакар бил проголтан, а потоа „плукнат“ од грбав кит

Млад кајакар ја избегнал смртта откако го проголтал цел, а потоа го плукнал грбав кит.

Адријан Симанкас исчезна пред очите на својот татко додека двајцата веслале во немирните води на океанот во близина на градот Пунта Аренас во јужниот дел на Чиле.

Во извонредната сцена фатена на камера, огромен кит излегол од длабочината, ги отворил вилиците и го голтнал 24-годишникот и неговиот кајак на надувување.

Симанкас, кој беше неповреден и не бараше никаков медицински третман, изјави за една чилеанска ТВ програма: „Видов нешто сино и бело како минува блиску до моето лице, како од едната страна и одозгора, но не разбрав што се случува. Следната минута потонав. Мислев дека сум изеден“.

Неговиот татко, Дел, 49-годишен анестезиолог роден во Венецуела, кој живее во Чиле, додаде: „Се свртев и не можев да го видам Адријан и тоа беше единствениот вистински момент на паника“.

„Тој исчезна околу три секунди, а потоа беше плукнат и тогаш се смирив бидејќи видов дека е безбеден“.

Инцидентот се случил околу 15 часот по локално време минатата сабота во замрзнатите води на теснецот Магелан долг 350 милји, кои се сметаат за најважниот природен премин меѓу Атлантскиот и Тихиот океан.

И таткото и синот користеле кајаци на надувување што ги носеле во ранци за време на претходното патување на суво.

Се смета дека грбавиот кит го помешал Адријан со една од рибите што е дел од неговата нормална исхрана.

Дел, кој го снимаше својот син кога цицачот ја пробива водата, можеше да се слушне како му вели на својот син: „Остани смирен, не се враќај во чамецот, оди кон брегот, доаѓам“.

Додека тој веслаше кон него, китот исчезна во водите.

Веста и видеото го споделија повеќе релевантни медиумски компании како Гардија и Асошиетед Прес.

Зачлени се на нашиот е-билтен