ВИДЕО Момче од изолирано племе се појави во цивилизацијата – Реакцијата на запалката го обиколи светот

На социјалните мрежи кружат неверојатни снимки од момче од изолирано домородно племе кое се појавило во населено место во Бразил.

Тој пристигнал во селото Бела Роси, во југозападниот дел на Амазонија, носејќи две дрвца. со боси нозе и со парче ткаенина околу половината, изгледал смирено и во добра здравствена состојба.

Локалните жители претпоставиле дека момчето бара помош за да запали оган. На снимките се гледа како му покажуваат запалка и начинот на кој се користи. Тој со љубопитност ја разгледувал, но не разбирал како да запали пламен, делувал збунето, но со задоволство ја изел рибата со која бил почестен.

На местото пристигнале претставници на Агенцијата за домородни народи (FUNAI), кои го одвеле момчето во безбедна просторија и го прегледале медицински тим. Подоцна било соопштено дека му е укажана соодветна нега.

Веќе следниот ден, момчето безбедно се вратило во своето племе. Властите воспоставиле надзор за да спречат неовластен контакт со изолираната заедница.

Агенцијата FUNAI во 2021 година потврдила дека во овој регион постои изолирано домородно племе, но неговите членови не биле забележани сè до оваа средба.

Амазонската прашума е дом на најголемиот број изолирани племиња во светот. Бразилската политика не поттикнува директен контакт со нив, туку создава заштитени и надгледувани подрачја за нивна сигурност.

Зачлени се на нашиот е-билтен